Месото од зајаците е многу квалитетно.Содржи мала количина на масти,а голема количина на белковини.Интензивно производство се претпоставува и на одредени раси.При одбор на расите се зема и во предвид:
♦Надворешен изглед:-големина и ширина на градниот кош,ширина на карлицата,ширина на грбот.
♦Прираст:-1 зајак-за 9 недели треба да има околу 2 килограми жива вага.
♦Брзина на растење:-90 дена старост 3 килограми телесна маса.
♦Плодност:- 6-8 легла од зајак годишно.
♦ Родност:-минимално 7 младенчиња во леглото.
♦Мала смртност на младенчињата:-60 родени а 52 одгледани.
♦Добра млечност:- соодветен квалитет иквалитет на млекото,доволно долг лактациски период.
♦Отпорност:-цврсти и витални единки
♦ Висок принос на месото:-минимално 60% месо кое мора да биде бело и сочно
♦Крзно:-соодветна боја и висок квалитет
♦Meнување на влакното,односно митарење се одвива континуирано со тек на целата година,но поради зголемен интензитет евидентно е пред зима и пред лето.Со текот на пролетното митарење,кое настапува со текот на Март,се менува есенското влакно па го губиме споредниот производ.Влакното содржи и голем удел и други високовредни хранливи состојки,што му штети на производството и здравјето на организмот.Есенското митарење овозможува создавење на зимско влакнено покривање,а побрзо е кога животното е во подобра здравствена состојба.
На процесот на митарење делуваат:-должината на денот,времето на осветлување,температура,влага и така натаму.15 до 16 часови на осветлување дневно одговара на условите кои владеат во природата со текот на најинтензивна репродукција:-од средина на Aприл до средина на Јуни.(4-6 месец).
♦Во летото плодноста се намалува поради високите температури.При тоа падот на плодноста е линеарен:-Кога температурата ќе порасне од 20°C на 28°C плодноста ќе се намали обратно пропорционално од растот на температурата.На температури од 30°C можна е стерилност на мажјакот (не е плоден).
Во одгледувањето на зајаците се користат 3 врсти на усеменувања:
:-Природно парење
:-Принудено парење-женката се држи за да се пари иако не е спремна за парење
:-Вештачко парење.
Анатомија и физиологија
Бременост
Котење
Веднаш пред котењето се намалува количината на прогестерон,а расте количината на естроген и окситоцин.Женките се котат во кратки интервали и сами си помагаат доколку дојде до заостанување на плодот во породилниот канал,зошто може да дојде со самоповредување. Јакиот стрес може да го спречи истиснувањето на плодот,па низ отворениoт церфикс може да дојде до влез на микроорганизми и разни инфекции.
Младенчиња
Подметнување младенчиња
Лачење млеко
Одбивање
Котилка
За зајаците од средната раса (2.5-5.5 кг) котилката треба да биде со димензии 45цм должина,45цм ширина и 40цм висина.оОтворот треба да биде 12cm подигнат од гнезтото.Гнездото треба да биде суво и удобно.Под гнездото подот треба да биде решеткаст а во меѓупросторите слама.
Брзина на воздухот
Температура
Влага
Сместување
За сместување на зајакот најдобро е да се користат дрвени кафези,со дрвен полн под,вратата на кафезот може да биде метална.Жичан под поднесуваат само малата и средната раса,додека оријашите на него добиваат плускавци,затоа е неопходен под од полно дрво,кое не треба да биде даб,поради неговата тврдост,преку кој доаѓа слој од околу 5цм,простирка,најчесто слама.
Исхрана
Кога е во прашање исхраната на зајакот,тие ја јадат секоја врста на житарки,но јачменот,зоб и нешто помалку пченка најпрепоручливо да им се дава.Од трева смеат да јадат само сушена трева,најпрепоручливо сено,а никако свежа трева бидејќи од неа добиваат пролив,исто важи и за зелката кој е најдобро никако да не се дава.Зајакот не смее да се храни со неограничена количина на храна.Таа треба да се ограничи,што значи еден возрасен зајак дневно не треба да изеде повеќе од 130 грама зрнаста храна,а сено,доколку не е детелина може да се дава во неограничена количина.Доколку во исхраната користите концентрат за зајаци,тогаш имајте на ум дека детелината и концентратот не треба да се даваат во исто време затоа што тоа е прејак оброк и од тоа може да добијат пролив,кој е највеќе погубен за младите.Леб најдобро е да не се дава во исхраната,затоа што содржи квасец.Пченката може да ја давате во зрна или цел кочан,сеедно е,но најдобро е да не се дава во кочан затоа што може да дојде до трошење на забите.Повремено е добро да се дава морков поради разните витамини кои ги содржи.
Гоење на зајакот
Раси

ЧИНЧИЛА БОЈА

ПЛАВА БОЈА

ПЛАВО-СИВА БОЈА

ЛУКС БОЈА

Анатомија и физиологија
Кај нас многу малку се знае за анатомијата,физиологијата,генетиката,псохологијата,навиките и можностите на зајаците.Зајаците битно се разликуваат од останатите домашни животни во поглед на карактеристичната анатомска градба која се одликува со постојан раст на секачите,мала волуменска зафатнина на желудникот со многу слаба мускулатура,долго слепо црево,неможност за повраќање на храната,недостаток на потни жлезди,лабилен нервен систем,копрофагија и низа на други особености кој што бараат многу внимателна работа со нив.Ако на тоа го додадеме високиот степен на можност за размножување,можеме да заклучиме дека исклучително е важно да ги препознаваме анатомијата и физиологијата на домашниот зајак ако сакаме да имаме успех во одгледувањето.За таа цел накратко ќе се обидеме да ја објасниме физиологијата на зајакот пооделно по органски системи.
Органи за варење
Окотеното младенче има 18 млечни заби,а промената на забите се случува од 25-28иот ден кога зајакот ги добива постојаните заби.Возрасниот зајак има 28 и тоа 26 кои се гледаат и 2 кои не се гледаат.Од 26те заби кои се гледаат има 6 секачи кои постојано растат и тоа 2 секача на долната вилица и 4 секача на горната вилица.Заради тоа што секачите постојано растат зајакот мора постојано да грицка за да ја одржи потребната големина на секачите.Волуменот на желудникот изнесува 50-250 мм³ со напомена дека во ѕидот на желудникот нема мускули па тој мора постојано да биде полн за да може храната да се протискува низ цревата.Должината на цревата кај зајаците изнесува од 6-8м.Тие се спирално извиткани и нивниот мезентериум служи како добро место за таложење на масни наслојки.Слепото црево е долго 35-50цм,а капацитетот му е неколку пати поголем од капацитетот на желудникот.Се протега по средишната линија на стомакот непосредно во близина на стомачниот ѕид.Во слепото црево се одвива интензивно бактериолошко варење,на тој начин се разградува добар дел од целулозните влакна кои се внесуваат преку храната,доаѓа и до претворување на азотот од хранливи во биолошки вредни материи како што се белковините и аминокиселините.Во слепото црево се создаваат и резерви на витаминот Б,како и резервни минерални материи кои во дебелото црево зајакот ги синтетизира и по пат на копрофагијата ги внесува во својот организам преку устата.
Копрофагија
Копрофагијата кај зајаците почнува на старост од 15 дена и исто како оптимална храна има големо значење за работата на желудникот и цревата,затоа што во желудникот не можат да се одвиваат процесите на варењето на храната поради малиот волумен.На интензитетот на копрофагијата влијае количината,времето и квалитетот на храната која се дава на зајакот.Кај зајаците на воздраст од 25-30 дена во дигестивниот тракт се одвива активен биолошки процес и тогаш копрофагијата е особено изразена.Кај зајаците на воздраст измеѓу 10-30 дена слепото црево расте по логаритамска скала,а желудникот и тенкото црево по линеарна.Во период до 15 дена смртноста на зајаците е до 20% затоа што во овој период нивниот организам е под биолошки стрес затоа што се наоѓаат во премин од храна само со мајчино млеко и интензивно растење на органите за варење,па целокупниот организам се наоѓа во големо оптеретување кои младите тешко го преживуваат. Органите за варење се најекспонираниот орган на зајакот затоа што кај нив секојдневно се одвива размена на големи количини на материи,што бара интензивно работење на овој систем што може да доведе до чести стресни ситуации.На основа на сето кажано можеме да заклучиме дека органите за варење на зајакот се многу специфичен орган и тоа никогаш не смееме да го заборавиме во текот на нашето одгледување.
Бременост
Ембрионалниот развој на зајакот трае од 30-32 дена,односно од 28-35 дена.По еволуцијата се ослободуваат 8-20 jaјце-клетки кои се способни за оплодување во наредните 6-8 часови.Набрзо,после истекот на тоа време јајце-клетките се распаѓаат.
12-16 часови после оплодувањето почнува делба на оплодени јајце-клетки.Таа фаза е исклучително критична за плодот затоа што може да дојде до ембрионална смртност главно се должи на стрес и инфекција.Во лоши услови,за време на стресот,дури 20-40% од ембрионите не се имплантираат во матката.
Котење
Веднаш пред котењето се намалува количината на прогестерон,а расте количината на естроген и окситоцин.Женките се котат во кратки интервали и сами си помагаат доколку дојде до заостанување на плодот во породилниот канал,зошто може да дојде со самоповредување. Јакиот стрес може да го спречи истиснувањето на плодот,па низ отворениoт церфикс може да дојде до влез на микроорганизми и разни инфекции.
Младенчиња
Младите зајаци се котат со маса од 30-50 грами,тие се слепи и без влакна.Младенчињата немаат развиен систем на терморегулација и затоа тие мораат да се греат.Растот на влакното почнува неколку дена после котењето.За 10 дена малите зајаци ќе прогледаат,а за 15 дена завршен е растот на влакното и младите веќе почнуваат да излегуваат од гнездото.
За квалитетен развој на младенчињата потребно е да се стави доволно слама.
Подметнување младенчиња
Подметнување на младенчиња е начин на формирање еднаквобројни гнезда со цел да се еднакви оптеретувањата на сите единки.Младите ги фаќаме по стомакот и ги триеме со искубаното крзно од гнездото на маќеата,младото го ставаме во гнездото,а зајачицата (маќеата) ја тргаме настрана на 5 минути.
При котењето треба да осигураме доволна количина на вода затоа што во спротивно женката ќе ги изеде дојките за да ја попие течноста.При тоа може да ги повреди младите,но може и да ги изеде.Зголемената потреба за
вода постои поради почеток на лактација.
Лачење млеко
Почетната количина на млекото која една зајачица ќе го излачи е околу 100 грама дневно.Таа количина е доволна за 7-8 младенчиња (евентуално и до 12 младенчиња).Таа количина (100 грама) одговара на 10-15% на вкупната маса на младенчињата.Дневно количината на излачено млеко се покачува за 10 грама до 15-16 дена која може да достигне максимум 260 грама која трае околу недела-дена и потоа постепено се смалува до 35 дена кога повторно изнесува 100 грама дневно.
Зајаците во 20 дена јадат 5.5-6 килограми концентрат,а произведуваат 3.5-5 килограми млеко што е доволно за околу 2 килограми притаст.Во текот на првите 20 дена во животот младите зависат искучително од млекото.Од 28 дена треба 40-5% додатна храна,а од 35 дена престанува доењето и младите стануваат исклучително тревопасци.
Во текот на првитe недели загубите се најголеми и тоа поради:
♦Лошите мајчински особини на женката
♦Занемарување на леглото
♦Болест или смрт на мајката
♦Лошо одржувано или недоволно населено гнездо
♦Инфекција и хипотермија на младенчињата
♦Лоша хигиена и непријатен мирис на гнездото затоа што не се чисти
♦Стрес
♦Канибализам (јадење на сопствениот род)
♦Недоволна млечност
Одбивање
Младите класично се одбиваат со 8,10 или 12 недели старост.Во интензивни услови производството на младенчиња се одбиваат со 4-8 недели старост.
Младенчињата е пожелно да се подготват за одбијање така што ќе им понудиме готова храна.Со тоа ќе им ги поттикнеме органите за варење да се прилагодат за нови услови на исхрана.
Котилка
За зајаците од средната раса (2.5-5.5 кг) котилката треба да биде со димензии 45цм должина,45цм ширина и 40цм висина.оОтворот треба да биде 12cm подигнат од гнезтото.Гнездото треба да биде суво и удобно.Под гнездото подот треба да биде решеткаст а во меѓупросторите слама.
Брзина на воздухот
Брзината на воздухот во објектот за производството на зајаци треба да биде во согласност со темпераурата.
Температура (°C) | Брзина на воздухот (m/s) |
12 (°C) | 0.1 (m/s) |
15 (°C) | 0.15 (m/s) |
18 (°C) | 0.2 (m/s) |
22 (°C) | 0.3 (m/s) |
25 (°C) | 0.4 (m/s) |
Температура
Младенчињата развиваат терморегулација за 10-12 дена после котењето.Доколку кожата е гола младенчињата имаат розова боја и напната,тоа значи дека условите се добри.Доколку кожата е набрчкана тоа значи дека нешто не е во ред.
Млади зајаци:-
♦Немаат развиен механизам на терморегулација
♦Тие се мали и голи,што значи немаат ниту термоизолација
♦Енергетски резерви на зајакот се намалуваат првенствено на многу ограничена количина нагликоген во јадрото,што значи дека способноста за формирање на топлина е многу ограничена.
Поради овие причини во котилиштето е потребна висока температура (30-33°C)
Зајаците многу тешко ја оддаваат телесната температура затоа што немаат потни жлезди.Топлината ја оддаваат со дишење.При висока температура во животната средина животните земаат помалку храна,но затоа пијат повеќе вода.Доколку е покачена влажноста на воздухот зајакот тешко ќе го оддава вишокот топлина.Така ќе биде намалена сперматогенезата и процентот на концепции.Метаболизмот на мажјакот (сперматогенеза) ќе биде на температура од 30°C,при зголемена влажност на воздухот можна е стерилност на мажјакот.Главната причина на стерилитет се должи на зголемен метаболизам на температурата на сперматозоидите во мажјакот.Така сперматозоидите го потрошуваат сиот гликоген и подигнуваат пх сперми дури и пред ејакулацијата.
Животните даваат топлина и зрачење (приферна вазодилатација).
Во текот на испарувањето на еден грам вода е поврзано со 2,3 KJ на топлинска енергија.
При ниски температури е потребно да се чува енергијата.Затоа,надвор температурата на воздухот од 13 дo 18°C потребно е да се одржува температурата во просторијата 13-15°C односно 15-18° во репродукција.При температури помали од 10°C животните продолжуваат да произведуваат,но трошат значителни енергетски резерви за производство на топлина.Покрај тоа,пониските температури доведуваат до намалување на отпорноста на животните.
При високи температури се намалува внесувањето на храна и зголемувањето на тежината.Веќе на температури од 30 дo 32°C се јавуваат симптоми:стерилитет,тахипнеа (забрзано дишење),чести акутни пречки гастроинтестинални тракти,труење со храната.При високи температури микроорганизмите брзо се развиваат а животните помалку јадат па храната повеќе стои и со самото тоа е зголемена можноста за расипување на храната.
Животните,ниските температури полесно ги поднесуваат одколку високите.При ниските температури доаѓа до пречки од страна на дишниот состав и се покачува моралитетот на младенчиња.Возрасните единки се помалку осетливи.Ипак,во секоја варијанта на намалување на температурата доведува до зголемени потрошувачка на храна за килограм прираст.
Температури кои некои развојни фази бараат:
Време на живот | Оптимална температура °C |
Првите 10 дена | 35°C |
Од 10 дена до излегување од гнездо | 30°C |
После излегување од гнездо | 18-20°C |
Женки во приплод | 18-20°C:-чувствителни на ниски температури |
Мажјаци во приплод | 15-20°C:-чувствителни на високи температури |
Гоеник | 13-15°C |
Влага
Премногу ниска влажност предизвикува сушење на слузницата и иритација, ослабена е мукозната бариера, воспаление, секундарна инфекција.Ослабено е дишењето,нарушена е размената на гасовите и вентилација на белите дробови.Во однос напремногу ниска влага животните се во полоша здравствена состојба (послаб апетит,болест..).
Превисоката влага води кон промени во квалитетот на крзното,но и промена во квалитетот на влакното (јадеж,непријатност,паѓање на влакното).Доколку покрај покачената влажност е покачена и температурата значително ќе биде интензивен равојот на микроогранизмите и со самото тоа ќе зачестат и инфекциите.
Високата влага и екстремната температура,било да е висока или ниска се најлош можен спој на фактори за микроклимата.
Влагата во воздухот доаѓа:
♦Дишење:-10-20%=200г ден-1зајак-1
♦Испарување на урината и изметот
♦Испарување на водата за пиење
♦Воздухот доведен од надвор.
Количината на влага настанува со дишење и испарување на урината и изметот приближно одговара на количината на водата што е конзумирана.
Зајак во просек дневно испива 200 грама вода,а женките кои дојат можат да попијат и до 1 килограм вода.
Влажнењето на воздухот може да се намали,а хигиената значително да се поправи со адекватно склонување на фекалиите и урината.
Доколку е лоша термоизолацијата на ѕидовите и кровот,доаѓа до кондензација на влага на внатрешните површини.Со самото тоа се прави резерва на влага што ќе ја одржува влагата константно на високо ниво.
Потребната релативна влага изнесува 60-70%,односно прифатливо е 55-70%.
Доколку релативната маса е премногу ниска,а воедно е покачена концентрацијата на амонијак во воздухот и присутен е (погоден фактор)промаја,ќе дојде до заболување на дишниот систем.
При восоката влага крзното се намалува,а влажното крзно собира прашина.Со самото тоа влакното станува лепливо и се лепи за телото.Волуменот на влакната на телото е намален,а водата која ја има во крзното е многу добар термо-водич.Резултат на тоа е значителна намалена можноста на одрување на потребната телесна температура.Притоа треба да се нагласи дека изразито влажниот воздух има зголемен топлински капацитет,што значи дека ладниот влажен воздух полесно ќе ја однесе топлината него влажниот сув воздух.Во случај на топол влажен воздух важи обратно.
Топлиот воздух прма повеќе влага него ладниот.Со загревање на воздухот влагата останува иста,но релативната влага се смалува.Од тоа ќе имаме корист во зима кога надворешнот воздух е ладен,и кога тој воздух го загреваме.
Општо: при константен притисок зголемувањето на температурата во воздухот ќе ја покачи апсолутната влага на воздухот.Пропорционално со зголемувањето на релативната влага ќе биде намалена апсолутната влажност.
Дијаметар: м³ воздух при влажност од 70% и температура од 1°C може да прифати 3г вода,а при исти услови на температура од 10°C и 6г вода.Ако претпоставиме дека во м³ воздух има 2г вода.Тоа е 66% при 1°C.Тој воздух да се згрее на 10°C.И понатаму има 2г вода,што е 33%.
При смалени температури ослабува виталноста на младите организми.Големите единки ќе страдаат од намалени способности за размножување.Доколку временските прилики потраат подолго можен е и траен стерилитет.
Плодната способност ќе ги намали температурите повеќе од 20°C.
Воздух во просторијата
Воздухот губи на квалитет со акумулација на водената пареа,јаглерод диоксид,амонијак,јаглерод моноксид.Како тие гасови во одредена количина константносе произведуваат во просторијата (измет,дишење,цревни гасови) потребна е вентилација.Во зима воздухот е посвеж од внатрешниот.Со тоа е потребно воздухот да се загрева.Како би се намалиле трошоците на загревање,во зима вентилацијата е смалена на прифатливата долна граница.По таа пресметка треба да се вброи и тоа дека поради ниската температура е намалена активноста на микроорганизмите кои разградувајќи го изметот и урината произведуваат штетни гасови.Летно време ситуацијата е обратна затоа што надворешниот воздух е поладен и полесно се проветрува кафезот како би се намалила температурата во кафезот.Поради тоа брзината на струењето на воздухот во зима е максимално 0.2m/s ,а во лето максимално 0.4-0.5 m/s.
Проветрувањето може да биде:
♦ Статично (природна)
♦ Динамичка (принудна)
1.На негативен притисок
2.На позитивен притисок
3.Мешовита.
Измет
Зајакот дневно произведува знатна количина на измет кои се крути и во форма на топчиња.ПХ изметот се движи од 7.2-7.9.Изметот на зајакот е многу богат со витамини и минерали и е инзвонредно вештачко ѓубриво.Од вкупната количина на изметот сочинува 1/3.Преостанатите 2/3 отпаѓаат на мокраќата.100 зајака (мажјаци и женки) дневно произведуваат 35-40кг измет и 75-80кг мокраќа ;вкупно 110-120кг ѓубре од 100 зајака.
Во излачениот измет се одвиваат аеробна и анаеробна ферментација.Се создаваат штетен амонијак и сумпор диоксид.
Сместување
За сместување на зајакот најдобро е да се користат дрвени кафези,со дрвен полн под,вратата на кафезот може да биде метална.Жичан под поднесуваат само малата и средната раса,додека оријашите на него добиваат плускавци,затоа е неопходен под од полно дрво,кое не треба да биде даб,поради неговата тврдост,преку кој доаѓа слој од околу 5цм,простирка,најчесто слама.
Димензиите на кафезот зависат од намената и полот на животното
Еве димензии за средната раса на зајаци:
Намена и пол | Должина(cm) | Ширина(cm) | Висина(cm) |
Приплодна женка-котилка внатре | 70-80 | 45-50 | 35-40 |
Приплодна женка-котилка надвор | Не помало | од 0.25м² | |
Приплодни мажјаци | 70-80 | 45-50 | 35-40 |
Ремонт | 30 | 40 | 45 |
Гоеник | 60 | 42 | 31 |
Последна фаза на гоење(две единки место една) | 30 | 42 | 31 |
Котилка:-поцинкуван лим + пластика | 50 | 27 | 29 |
Исхрана
Кога е во прашање исхраната на зајакот,тие ја јадат секоја врста на житарки,но јачменот,зоб и нешто помалку пченка најпрепоручливо да им се дава.Од трева смеат да јадат само сушена трева,најпрепоручливо сено,а никако свежа трева бидејќи од неа добиваат пролив,исто важи и за зелката кој е најдобро никако да не се дава.Зајакот не смее да се храни со неограничена количина на храна.Таа треба да се ограничи,што значи еден возрасен зајак дневно не треба да изеде повеќе од 130 грама зрнаста храна,а сено,доколку не е детелина може да се дава во неограничена количина.Доколку во исхраната користите концентрат за зајаци,тогаш имајте на ум дека детелината и концентратот не треба да се даваат во исто време затоа што тоа е прејак оброк и од тоа може да добијат пролив,кој е највеќе погубен за младите.Леб најдобро е да не се дава во исхраната,затоа што содржи квасец.Пченката може да ја давате во зрна или цел кочан,сеедно е,но најдобро е да не се дава во кочан затоа што може да дојде до трошење на забите.Повремено е добро да се дава морков поради разните витамини кои ги содржи.
Гоење на зајакот
Meсец | Скробни единици/килограм прираст |
1. | 2 килограми 200 грами (2.200) |
2. | 4 килограми (4.000) |
3. | 5 килограми 200 грами (5.200) |
4. | 8 килограми 100 грами (8.100) |
Раси
Стандарната поделба на зајакот спрема големината е:
♦Големи раси, од 5.500 килограми па нагоре
♦Средни раси,од 3.550 килограми до 5.500 килограми
♦Мали и патуљасти раси,до 3.500 килограми.
Поделбата на зајаците може да се изврши и спрема должината на влакното,и тоа:
♦Со кратко влакно
♦Со долго влакно.
Големи раси:
♦Оријаш

Овој зајак е познат под името Фламанец или Фламански оријаш,најкрупна раса.Кај нас е доста распространета.Должината на телото е од 65-75 цм,возрасните грла кои имаат помалку од 60цм должина се исклучуваат од приплод.Главата ја носи високо,ушите исправени и имаат должина од 18цм,кожата му е мека и еластична а кај женките под вратот се формира подбрадок.Тежината на возрасните грла е 6-9кг.Најмалата дозволена тежина е 5кг,а достигнуваат и до 10,5кг,а екстремни машки примероци имаат достигнато тежина и од 16кг.Во однос на бојата на крзното има повеќе врсти,и тоа:
♦Челично сив
♦Светло сив
♦Црн
♦Плав
♦Бел
♦Жолтосмеѓ,а кај нас е најзастапена врстата со боја на див зајак.Имаат мирен темперамент,женките за расплод се користат од 8-9 месеци,а мажјакот од 10-12 месеци,при тоа мора да имаат над 6кг тежина.Даваат од 4 до 6 окота годишно и во просек имаат 6-8 млади,а има и случаи кои раѓаат и до 14 млади.
♦Бел оријaш

♦Германски шарец

Кај нашите одгледувачи оваа раса е доста раширена и позната под името Германски шарец.Се јавува во 3 врсти и тоа:
♦Црно-бел
♦Плаво-бел
♦Хавана(кафено)-бел
но кај нас можете да ги најдете првите две врсти,односно најчесто црно-бела боја.Тежината е од 5-9кг и повеќе.Единка која има помалку од 5кг се исклучува од приплод.Должината на телото не смее да му биде помала од 65цм,а големината на ушите не смее да му биде помала од 16цм.Телото му е збиено и во задниот дел округло.Има потекло од Белгија и настанал со долготрајна селекција на белгискиот оријашки шарец од кого ги стекнал генетските својства и од англискиот шарец од кого ги стекнал фенотипските својства.Карактеристична ми е белата боја украсена со срни точки наречени ЦРТЕЖ.Шарите се наследни и се пренесуваат секогаш распределени по разни делови на телото симетрично од двете страни.На муцката имаат црна шара во облик на пеперутка со раширени крилја,горната усна им е црна а долната по правило бела.Околу очите имаат црни шари приближно еднакви наречени ОЧИЛА,веднаш под нив од двете страни има црни точки кои не смеат да бидат споени со шарите на окото,ушите од врвот до коренот се црни,а по грбот од главата па се до врвот на опашот има црна линија која има дебелина од 3цм.Од секоја страна по телото имаат 5-10 црни точки кои се еднакви и симетрични.Шарите мора да бидат остро ограничени и не смеат да имаат примеси на бели влакна.Ако шарите се со друга боја,плави,жолти или смеѓи,што се случува многу ретко,тогаш станува збор за друг вид на расата.Влакната се кратки,густи и сјајни и добро прилегнати на телото.Стецифично е тоа што во леглото е дозволено да се родат единки со целосно црна боја но не повеќе од 25%,и тие единки без разлика на полот ги пренесуваат фенотипските и генотипските карактеристики како и шарените еднинки.
Зајаците од оваа раса се одликуваат со брз прираст при што за 5 месеци достигнуваат тежина над 4кг,не се пребирливи во исхраната,женките полово се зрели на 8 месеци а мажјаците на 9 месеци. Оваа раса е доста распространета па затоа се среќаваат и во различни називи за оваа раса на пример во Чешка е познат како ЧЕШКИ ШАРЕН ЗАЈАК,во Холандија како LOTHARINGER,во Франција како LAPIN PAPILON FRANCAIS,во Америка е познат како CHECKERED GIANT кој има црна и плава шара и грбната линија му е подебела.Секаде му е признаена господарска вредност за производство на месо и крзно,и е најомилен на изложбите.
♦Овнолик оријаш

Овноликиот зајак е настанат во Франција уште во минатиот век па е познат под името Француски Овнолик зајак.Оваа раса е пренесена во Германија во 1870 година каде го добил името Германски Овнолик оријаш и кај нас е познат под ова име.Возрасна единка просечно достигнува тежина од 6кг,со збиено тело,јаки нозе,широки гради и грб.Типична расна карактеристика му е искривената носна коска и клапнатите (спуштените) уши.Женката од мажјакот се разликува по нејзината глава и подбрадокот. Ушите не смеат да имаат поголема должина од 30-40цм,ако се исправени тоа е расна деформација. Има повеќе врсти кои се разликуваат по бојата на влакното,најзастапен е со боја на див зајак.Постојат и шарени врсти но при тоа бојата на шарите мора да биде јасно ограничена без примеси на нијанси. Сите шарени врсти имаат карактеристична бела муцка.Женките раѓаат 4-6 млади но се многу лоши мајки и не се грижат многу за леглото.Слабо се отпорни на студ,влага и се многу пребирливи во храната.Оваа раса има почнато да ги губи своите расни карактеристики затоа што често пати е парена со зајак со клапнати уши сметајќи дека се припадници на расата,па затоа го има изгубено доминантниот ген на расата.
Меѓу овие четири раси по тежина најистакнат е ОРИЈАШОТ кој порсечната килажа му е од 7.5кг,а може да порасне и до 11кг.
Останатите оријашки раси се помали за 0.5 до 1 килограми.Што се однесува до отпорноста,најпрепоручлива раса од големите раси за одгледување е германскиот шарец,затоа што од сите оријашки зајаци нивните женки се најдобри мајки,убедливо се најотпорни спрема болести,и не се пребирливи во исхраната.
Средни раси:
Во оваа група на раси спаѓаат зајаци чија што тежина се движи од 3.5 до 5кг.Тие се полово зрели порано од големите раси и спремни се за парење после 4-5 месец.Скромни се во поглед на потребите за сместување и храна.Женките годишно даваат 5-6 легла со просек од 7-10 млади во легло.Поголемиот број припадници имаат комбинирани својства за месо и крзно.
Најпознати представници од средната раса на зајаци се:
♦Новозеландски црвен и бел

Овој зајак е добиен со долготрајна селекција во Америка и има две врсти:
♦Новозеландски црвен
♦Новозеландски бел
Крзното им е кратки и густи влакна,кратки уши,телото им е цврсто и збиено со добро распоредени мускулни партии.Возрасните единки имаат тежина од 4.5кг.Женките се одликуваат со добра плодност,млечност и се многу гризливи мајки и даваат по 8 млади во легло и имаат 5-6 легла годишно.Оваа раса е најчесто користена во индустриското производство на месо.
♦Kалифорниски

Оваа раса е настаната со долготрајна и еднократна селекција во Америка.Има бела боја,а ушите,муцката,опашот и нозете му се со црна боја а очите им се црвени.Возрасна единка тежи од 4.5-5кг а телото има се добар распоред на мускулните партии.Калифорнискиот зајак се одликува со голема отпорност на болести и не е пребирлив во храната.Женките се грижливи мајки и имаат добра плодност и млечност.Во легло даваат од 7-9 млади кои брзо напредуваат и имаат добра конверзија на храна за 1кг прираст трошат 1.5кг концентрирана храна.Крзното е доста ценето и оваа раса често се користи за добивање на хибриди со цел да се оплеменат останатите раси и да се подобри производството на месо.
♦ Голема чинчила

Oпшт впечаток на оваа боја е светло пепеласта сива со смеѓа нијанса и мек,црн сатирунг.Покривната боја се состои од црно бели влакна измеѓу кои штрчат црни завршетоци на влакното.Стомакот и внатрешната страна на опашот се бели.Долната боја или подвлакото е темно-плава,што е поизедначено подобро,се гледа со дување на подвлакното на стомакот,сатирунгот исто така се гледа со дување на грбот од главата до опашката треба да има уедначено што повеќе кругови тоа подобро,што помалку кругови тоа поголемо сродство.Телото е едно големо убаво цилиндрично а при тоа да не личи на оријаш,нарочито паѓа во очи неговиот темперамент.Обликот на телото е цилиндричен,еднакво длабок и висок,добро мускулест и збиен.Нозете снажни и исправени.Кај женките е дозволен мал подбрадок.Возрасните единки се движат измеѓу 4,5-5,5 кг.Крзното е со средна должина,густа и добро развиено влакно.Горното влакно не смее да биде претврдо.Главата е добро развиена и изразена.Широко чело,полни образи,месести и добро обраснати уши,телото мора да биде во склад.Завршетоците на ушите имаат црн завршеток и кога ќе се спојат треба да оцртаат срце,кога ушите ќе легнат на телото треба да го покријат тилниот дел кој има посветла боја.
Лесни грешки:светли гради,светли предни нозе,светли страни на телото,см,смеѓаста рефлексија на главата и ушите,голем клин позади вратот,неизедначен сатирунг,светла долна боја на стомакот односно подвлакното.
Тешки грешки:Жолт клин позади вратот,сосема светли гради и предни нозе,преширока меѓубоја,сосема бела стомачна боја.
Телото е едно големо убаво цилиндрично а при тоа да не личи на оријаш,нарочито паѓа во очи неговиот темперамент.Обликот на телото е цилиндричен,еднакво длабок и висок,добро мускулест и збиен.Нозете снажни и исправени.Кај женките е дозволен мал подбрадок.Возрасните единки се движат измеѓу 4,5-5,5 кг.Крзното е со средна должина,густа и добро развиено влакно.Горното влакно не смее да биде претврдо.Главата е добро развиена и изразена.Широко чело,полни образи,месести и добро обраснати уши,телото мора да биде во склад.Завршетоците на ушите имаат црн завршеток и кога ќе се спојат треба да оцртаат срце,кога ушите ќе легнат на телото треба да го покријат тилниот дел кој има посветла боја.

Oпшт впечаток на оваа боја е светло пепеласта сива со смеѓа нијанса и мек,црн сатирунг.Покривната боја се состои од црно бели влакна измеѓу кои штрчат црни завршетоци на влакното.Стомакот и внатрешната страна на опашот се бели.Долната боја или подвлакото е темно-плава,што е поизедначено подобро,се гледа со дување на подвлакното на стомакот,сатирунгот исто така се гледа со дување на грбот од главата до опашката треба да има уедначено што повеќе кругови тоа подобро,што помалку кругови тоа поголемо сродство.

♦Aнглиски овнолики

♦Англиски шарец

Тоа е една од најстарите раси на зајаци добиени во 1849 година.Има сини или оловно обоени лептирети флеки на муцката,кругови во истата боја околу очите,на грбот има линија која се протега од главата до опашката и има симетрични шари од двете страни на телото.Возрасните единки имаат тежина од 3-5кг.Женките се добри мајки и даваат големо потомство и тоа повеќе од 10 млади во едно легло.Се користи за вкрстување со останатите раси со цел кај нив да се добие подобар изглед и подобар квалитет на влакното.Учествувал во создавањето на Оријашкиот Шарец со генот на бојата.
♦Бечки

Oваа раса е добиена со долготрајна селекција при вкрстување на три раси на зајаци и тоа:
Белгискиот оријаш поради големината и квалитетот на месото
Францускиот овнолик поради цврстината на телото
И Синиот Логреин поради бојата,и тоа во Австрија и Виена по што го добил името под кое е познат и кај нас.Вистинската боја на влакното што е темно сина при што ја добива после осмиот месец кога се одбираат единки за приплод кои бојата не смеат да ја имаат во други нијанси.Бојата на очите им е сина а тежината на возрасните грла е 4-5кг.Има голема отпорност кон болестите и женките се добри мајки,доста плодни,млечни и се котат 6-8 пати годишно со просек 7-9 млади во легло.Младите имаат добра конверзија на храната и добар квалитет на месото.
Освен синиот бечки зајак постои и бел зајак кој има црвени очи и е добиен со мутација на зајак кој има црвени очи (албино форма) кој ги има истите расни карактеристики како и синиот бечки зајак.
Мали (џуџести) раси
Во оваа група спаѓаат зајаци чија што тежина на возрсна еднинка изнесува 1.5-3кг.Најчесто се чуваат поради крзното.Имаат голема отпорност спрема болестите,скромни се во поглед на условите за сместување и женките се добри мајки.Во оваа група има голем број на представници,но ќе напоменеме само за некои:
♦Холандски

Неговото потекло е нејасно,но се смета дека е од Холандија.Во 1830 година се увезани во Велика Британија под името Мали Брабансони.Тука започнала нивната селекција па затоа некои сметаат дека потекнуваат од Велика Британија.Шарите на оваа раса се многу карактеристични.Предниот дел на телото е бел,задниот црн,нозете бели,а на главата предниот дел им е бел а останатото до корените на ушите црн.Има врсти со сина,чоколадна.челичносива,смеѓосива боја,но најчести се со црна и сина боја.Широк и краток врат,кратки уши,возрасните единки тежат 2.5-3кг.Женките се добри мајки и прифаќаат и туѓи младенчиња.Како раса,Холандскиот зајак се користи исклучително за изложби.
♦Кратковлакнести РЕКС раси
КАСТОР БОЈА
ЧИНЧИЛА БОЈА
ПЛАВА БОЈА
ДАЛМАТИНЕР БОЈА
БЕЛА БОЈА
СЕПИЈА-БРАУН БОЈА
ТРОБОЕН ДАЛМАТИНЕР БОЈА
ЖОЛТА БОЈА
ЦРНА БОЈА
ЈАПОНСКА БОЈА
ХАВАНА БОЈА
ПЛАВО-СИВА БОЈА
ЛУКС БОЈА
ФЕХ БОЈА
РЕН БОЈА
КУНА БОЈА
ЛОХ БОЈА
ПАТУЉАСТИ РЕКС
КАЛИФОРНИСКА БОЈА
ОВНОЛИКИ БЕЛ РЕКС
Во оваа група на зајаци спаѓаат раси кои имаат големина на влакното од 15-20мм.Карактеристично е што сите раси освен долговлакнестите,со вкрстување можат да станат кратковлакнести.При вкрстување на кратковлакнест мажјак со женка со нормално крзно во првата генерација ќе се добие потомство со нормално крзно.Понатаму со меѓусебно парење на тоа потомство во втората генерација се добиваат 1/4 потомство со кратко влакно.Во третата генерација ако се парат само единките со кратко влакно ќе се добие потомство со 100% кратко влакно.Потоа тие ако се парат со единки со нормално влакно,се добива потомство само со нормално влакно.Овие раси кои настануваат со вкрстување се наречени РЕКС,тие ги задржуваат особините на расата,но со тоа што таа раса ќе има кратко влакно се означува како РЕКС.
♦Долговлакнести
Во оваа група се вбројуваат зајаци кои имаат влакно со должина поголема од 4цм во просек 5-8цм.Ако влакното е меко и фино се вика Ангора волна.Оваа раса на зајаци се одгледува исклучително само поради квалитетот на влакното.
♦Долговлакнест Ангора зајак
Toa e eдна од најстарите раси на зајаци настаната со мутација.Водат потекло од земјите околу Црното Море,во Англија е донесена во 1873 година каде е селектирана и добиена чиста раса.Има повеќе врсти на Ангора зајак но најзастапени се со бела боја (албино).Тежината на возрасна единка е 2-3кг,во легло даваат 4-8 млади кои имаат многу добар квалитет на влакното.Се смета дека даваат по 120г крзно на 1кг жива мера,а кастрираните мажјаци двојно повеќе.

Добрыя артыкулы, Вы чулі пра містэра Бенджаміна, электронная пошта: Lfdsloans@outlook.com --WhatsApp Кантакт: + 1-9893943740-- якія працуюць з паслугамі фінансавання, яны даюць мне крэдыт у памеры 95 000,00 долараў, каб пачаць свой бізнес, і я плачу ім штогод вось ужо два гады, і мне яшчэ засталося два гады, хаця мне падабаецца працаваць з імі, таму што яны - сапраўдны крэдытор, які можа даць вам любы крэдыт.
ReplyDelete